„Ни беа понудени 55 милиони евра за Кулибали!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Де Лаурентис изјави дека добиле понуда за Кулибали.

Сенегалецот има одлични игри за Наполи, а еден од клубовите кои го сакат е Челси. Тие гледаат идеална замена за Тери и целта е да го донесат во тимот.

Цифрата која ја нуди Челси е 55 милиони евра.

„Вистина е дека Челси понуди толку пари, но јасно им кажав дека Кулибали не е на продажба. Не го пуштам додека Сари не ми каже кој го сака за негов наследник.“

Кулибали кој во Наполи стигна во 2014-та година, со Челси се поврзуваше и минатото лето.