„Имам желба да го совладам Буфон“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот француски напаѓач Килијан Мбапе во оваа сезона е најголемо откритие во европскиот фудбал, а неговите партии во дресот на Монако не останаа незабележани.

Мбапе во оваа сезона едноставно експлодира во Монако и клубот од Кнежевството ќе им биде многу тешко да го задржат на крајот на сезоната.

Овој 18-годишен напаѓач е еден од најзаслужните што Монако стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите каде што силите ќе ги одмери со Јувентус.

Во интервју за uefa.com Мбапе изјави дека му е мило што ќе игра против Буфон бидејќи смета дека тој е еден од најдобрите голмани на сите времиња.

Исто така, францускиот фудбалер додаде дека има голем мотив да го совлада Буфон во натпреварите против Старата дама.

„Буфон? Тој е голман кој испиша историја во оваа игра и моментално е еден од најдобрите голмани на светот иако е ветеран. Мило ми е што ќе играм против него.

Ќе морате да тренирате секој ден за да играте против играч како него. Кога ќе го направите се тоа тогаш едноставно имате голема желба да го победите. Така се сега се чувстувам“, рече Мбапе.