Баерн веќе најде замена за Чаби Алонсо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Чаби Алонсо пред неколку недели потврди дека на крајот на оваа сезона ќе ја заврши својата играчка кариера.

Искусниот играч за врска соопшти на челниците на минхенски Баерн дека нема да го продолжи својот договор на крајот на сезоната бидејќи одлучи да ги закачи копачките на клин.

Германскиот клуб веќе тргна во потрага за играч кој треба да го замени Чаби, а на листата на желби на овој клуб веќе сде наоѓаат неколку фудбалери.

Според пишувањата на германските медиуми најблиску до Баерн е бразилскиот репрезентативец Паулињо кој моментално го носи дресот на кинески Гванжу.

Паулињо во овој клуб стигна од Тотенхем, и потпиша договор до лето 2020 година.

Сепак, се чини дека на голема врата може да се врати во Европа.

Наводно, преговорите меѓу бразилскиот играч и Баварците веќе се во тек, а навивачите на Баерн се сигурни дека Паулињо е нов играч на овој клуб.

Најдобар доказ дека нешто се случува е Инстаграм профилот на Паулињо кој одеднаш почнаа да го следат речиси сите  играчи на германскиот клуб.