„Ливерпул има историја и шарм!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Ливерпул, а потоа и на Реал Мадрид и Баерн, Алонсо за медиумите разговараше за својата богата кариера.

Алонсо во Ливерпул дојде во 2004 година од Реал Сосиедад, а тој вели дека штом стигнал во клубот, веднаш го засакал.

Фантастичниот играч уживаше во игрите во ПЛ, а иако го напушти Ливерпул, тој сеуште е заљубен во тимот.

„Ливерпул има историја и шарм на кој паѓаат сите кои го сакаат фудбалот. Веднаш го засакав тимот. Се трудев и всушност се одеше добро. Во мојата прва година ја освоивме ЛШ. Тогаш се поврзав со Ливерпул.“

Алонсо секогаш ќе има убави сеќавања од Ливерпул, особено на легендарното финале во 2005-та година против Милан, кога тимот се врати по негативата од 3:0 од Милан.