„Случај Донарума“ – Сакаат војна! Зошто им се брза? Никој никаде го немам однесено бесплатно! „Случајот Донарума“ е тема на денот во Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Залудни се 2-та натпревари во Серија А, залудно е најавеното заминување на Тоти, никој во Италија оваа сабота не го интересира ништо друго освен судбината на Донарума.

Голманот на Милан е еден од најталентираните во светот, а сеуште го нема продолжено договорот со тимот, па следуваше закана од тимот.

Страстите се запалија, но брзо се обиде да ги смири Раиола.

„Никој не рече дека Џиџи нема да го продолжи договорот со Милан. Исто така, не верувам дека директорите на Милан кажале нешто слично. Ми изгледа дека медиумите сакаат војна меѓу клубот и мене.“

Да потсетиме, Донарума има договор до 2018-та година, затоа што не можеше да потпише подолг договор како тинејџер. Поради тоа заработува по 250.000 евра годишно, но Милан сега му нуди 3.5 милиони евра по сезона.

„Не ми е јасно зошто им се брза, кога ќе заврши договорот наредната сезона. Уште е рано да се зборува за иднината на Донарума. Секако морам да го заштитам, да го спречам влијанието на медиумите и новинарите. Мораме да најдеме решение за голманот. Да ги процениме сите можности, затоа што не е само Милан заинтересиран. А јас никој никаде го немам однесено бесплатно.“

Од таму и прашањето „Каде оди Донарума?“

„Прво во репрезентацијата на Италија. По обврските за Италија, тимот ќе оди на одмор. Потоа ќе видиме што ќе се случи. Ќе разговарам со Милан.“