Што треба да значи ова? Де Геа (ин)директно испрати порака до Реал Мадрид?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Де Геа го уништи трансферот во Реал Мадрид, откако кажа дека е среќен во Англија.

Шпанецот беше главна мета на Реал Мадрид и тие сакаа да се обидат да го донесат во наредното лето, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Трансфер на Де Геа во Мадрид веќе пропадна во 2015 година поради бизарна работа, поточно некомплетна документација.

„Многу работи се сменија, некои на подобро, некои на полошо, но да бидам искрен, јас сум среќен што сум важен играч на Јунајтед“, вели тој.