Суарез на Инстаграм ја славеше победата на Ливерпул против Барса?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул вчера славеа против Барселона на Вембли во рамките на пријателски меч со резултат 4:0.

Еден од фудбалерите кој беше во центарот на вниманието вчера беше Луис Суарез кој доби огромни аплаузи од навивачите на Ливерпул после што излезе од терен пред крајот на мечот.
Суарез не остана должен на навивачите на Ливерпул па одма после натпреварот постави фотографија до навивачите на клубот од Енфилд со опис:
„Многу специјален ден. Благодарам на сите навивачи на Ливерпул за поддршката која што ми ја пружија денеска, како и секогаш. YNWA. Да ја продолжиме напорната работа во претсезоната“.
Ова сигурно нема да им се допадне на навивачите на Барса, бидејќи нивниот тим прими шест гола во последните два меча, а Суарез порача на својот поранешен клуб да го задржи ова ниво на игра.