Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес со почеток од 15:30 беа одиграни пет натпревари од германското првенство, а само на еден домашниот тим успеа да запише победа.
Екипата на Баер Леверкузен преку пресврт на свој терен славеше против Баерн Минхен во многу важен натпревар за двата тима. Баварците имаа предност по првите 45. минути со голот на Горецка. Сепак, во вториот дел видовме сосема поразличен фудбал, па „Фармацевтите“ заслужено направија пресврти.
Најпрво Бејли со преубав гол од слободен удар израмни на 1:1во 53. минута, за десет минути подоцна Воланд да го постави конечниот резултат од 2:1.
Leon Bailey’s free kick against Bayern Munich todaypic.twitter.com/a5wBNy7UiW
— ASG (@ahadfoooty) February 2, 2019
Прилика да одат на плус девет бодови разлика испуштија „Милионерите“ од Дортмунд затоа што одиграа само реми на гостувањето во Франкфурт кај Ајнтрахг. Фудбалерот за кој се интересира половина Европа, Лука Јовиќ го отвори резултатот, а на 1:1 израмни Марко Ројс. И двата гола беа постигнати во првиот дел на првото полувреме.