Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот тим Вардар е пред нов предизвик во Лигата на шампиони, откако вечерва ќе гостува кај Кјелце во рамки на осмото коло во елитното европско натпреварување, во кое ја брани титулата.
Тренерот Кокшаров го откри тимот со 15 ракометари, меѓу кои се Атман, Чупиќ, Дибиров, Димитриоски, Дисингер, Гедбан, Горпишин, Калараш, Кизиќ, Кугис, Кукуловски, Шишкарев, Пелко, Скубе и Стоилов.
Вардар својот меч го игра вечерва од 18 часот, па со победа би можеле „црвено-црните“ да го одржат чекорот со лидерот Кил, кој има 13 бодови на врвот на табелата, додека македонскиот тим има девет, колку што има и Монпелје.
На табелата потоа следат Веспрем, Кјелце и Порто со по осум бодови, Мешков Брест има два, а Мотор Запорожје само еден бод.