Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар загуби повторно од Веспрем и тоа 29-38 во СЦ „Јане Сандански“ во 10. коло од Лигата на шампиони.
По само неколку минути на стартот беше јасно дека Веспрем ќе биде поблиску до победа, откако направи серија од неколку голови и ја одржуваше предноста од 5-6 гола, па на паузата меѓу полувремињата замина со водство од 22-15.
Вардар во второто полувреме се обиде да се врати во мечот, но негативата растеше уште повеќе и во еден момент достигна -11, односно 24-35, па на крајот Веспрем замина како победник со 38-29.
Најдобар во редовите на „црвено-црните“ беше Павел Атман со седум погодоци, а по четири постигнаа Глеб Калараш и Иван Чупиќ.
Вардар во моментов е на шестото место во групата Б со девет бодови, а пред него се Порто, Монпелје, Кјелце, Веспрем и Кил.