Стоилов зборуваше за ситуацијата во клубот: Вардар можеби ги игра последните натпревари…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов на прес-конференцијата пред дуелот против Мотор во Лигата на шампиони, кажа дека атмосферата во клубот не е добра и не се знае иднината на македонскиот тим.

Стоилов кажа дека клубот е во тешка ситуација и дека можеби ги играат последните натпревари.

„Се наоѓаме во тешка ситуација, уште еден важен ракометар си замина. Вардар без Криштопанс не е истата екипа, но останува да се бориме и ќе видиме какви се силите. Никој не знае што ќе се случи, можеби ги играме последните натпревари. Проблеми имаме долго време, но никој не кажува ништо“, вели Стоилов.