Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа на домашен терен го декласираше Шалке со 8-0 во меч од првото коло во Бундеслигата.
Актуелниот првак на фантастичен начин ја отвори новата сезона, но никој не можеѓе да сонува дека Шалке на „Алијанц Арена“ ќе прими осум голови.
Баерн покажа дека и сезонава ќе биде главен кандидат за титулата и како што стојат работите, тешко дека некој ќе ги запре, иако сезоната само што почна.
На Баварците не им беше доста само што го понижија противникот на терен, па решија тоа да го направат и на социјалните мрежи.
На Инстаграм објавија фотографија од семафорот по мечот, па им посакаа добра ноќ на своите фанови, а тоа ги налути поддржувачите на Шалке.