Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Возачот на Хас, Роман Грожан мина без потешки повреди откако му експлодираше болидот на стартот на трката за Големата награда на Бахреин.
Неколку часа по судирот се јави Грожан од болница. Францускиот возач кажа дека животот му го спасил заштитниот систем „хало“.
„Пред неколку години сметав дека хало е непотребен, а денеска сметам дека е најдобра работа во Ф1, без која можеби денеска немаше да бидам тука“, кажа Грожан.
Сцената во која Грожан излегува од пламенот на возилото го остави цел свет без здив, а на крајот искусниот возач помина со изгореници на рацете и глуждовите, иако ситуацијата изгледаше многу полошо и не беше познато дали ќе преживее.
The best video we've seen today?
— Formula 1 (@F1) November 29, 2020
THIS 🙂 👊#BahrainGP 🇧🇭 #F1 @RGrosjean pic.twitter.com/TbGblznMBv