Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
РК Вардар во новата сезона ќе влезе со големи промени во раководството, претстедателот Михајло Михајловски на денешната прес-конференција соопшти дека се повлекува, а во раководството влегуваат Борко Ристовски и Стојанче Стоилов.
„Се вратив во Вардар бидејќи имав цврсти ветувања дека ќе добијам помош од високи функционери во државата, но тоа не се случи. Си наоѓав оправдување, за несреќа влетавме во пандемија и во целиот свет, па така и кај нас приоритет беше здравството, спортот остана некако на последно место. Минатата година најавив дека сакам да се повлечам, но чекав да најдам вистински луѓе. Сега верувам дека најдов луѓе кои можат да го водат Вардар. Јас во иднина нема да имам никаква функција, тука ќе бидам ако треба да дадам некој совет“, потврди Михајловски.
Борко Ристовски ќе биде новиот извршен директор на Вардар, додека Стојанче Стоилов ќе биде во улога на помошник на тренерот Владо Недановски.
Вардар доби и шест засилувања, а тоа се Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Кеисуке Јакусира, Нилтон Мело и Хансен Родригез.