Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски зборуваше за судењето во македонското првенство и имаше забалешки за судиите.
Ристовски кажа дека сака поквалитетно судење, а ако не се подобри, тогаш ќе бараат странски судии за најважните натпревари во сезоната.
Судиската организација се јави со реакција по коментарот на Ристовски и побара извинување за неговиот коментар.
„Со чудење ја прочитавме последната изјава на извршниот директор на РК Вардар 1961, Борко Ристовски и сакаме по истата да се произнесеме, бидејќи дирекно бевме посочени како главни виновници за успехот или неуспехот на одредени екипи. Пред да го искажеме нашиот став околу неговата изјава дозволете да се навратиме на неколку битни моменти околу целата судиска организација која е ценета од сите европски и светски организации со тоа што од самото оформување па се до ден денешен нејзините членови се учесници на сите врвни натпреварувања.
Почнувајки од плеадата судиски парови од постарата генерација предводена од Марјан и Драган Начевски како и денешната генерација предводена од Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и другите шест меѓународни парови некои од нив исто така се здобија и со ИХФ знакот и да не ги заборавиме и огромниот број судии кои ја делат правдата на натпреварите во домашното првенство.
За да не одземаме време со набројување на сите важни учества на нашите членови ќе наброиме само неколку учества на Олимписки игри, Светски и Европски првенства како и на континенталните Купови независно во женска или машка конкуренција.
Некои од нив имаа и можност да ја делат правдата и во други првенства со што кажува за квалитетот и реномето на македонските судии, да денес некој се дрзне да бара судии од странство за кои многупати сме слушнале и прочитале од истиот клуб дека биле оштетени во некој од европските Купови. Бидејќи нашето реноме како организација е почитувано и докажано на сите полиња нема да дозволиме да се нарушува имиџот и реномето на истата од било кој поединец или спортски субјект. За таа цел ќе поставиме контра теза на трвдењата на извршниот директор на РК Вардар 1961.
-Дали некој се запрашал во РК Вардар 1961 како со истите овие судии изминатите години го освоил 15 првенствени титули и 15 титули во Купот на македонија како и три или четири титули во Суперкупот?
Дали откако се загуби приматот во првенството, но не и во Купот и Суперкупот и истите тие судии од страна на рк Вардар заслужуваат да бидат посочени како главни виновници за успехот или неуспехот на некој клубови или сето ова доаѓа како добро смислено сценарио како притисок на службените лица на престојниот дерби натпревар и престојното првенство?
Ако управата на РК Вардар 1961 е сè уште на истиот став и не се извини на судиската организација, ние сме спремни да го удостоиме барањето на РК Вардар 1961 на натпреварите од домашното првенство и да не бидеме службени лица, меѓутоа оваа одлука ќе важи за сите натпревари на РК Вардар 1961 во домашното првенство, а не само на оние кои тие ќе побараат.
Спортски поздрав“, велат од Здружението на ракометни судии на Македонија.