Хамилтон му даде поддршка на Шумахер откако кажа дека е геј


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Поранешниот возач Ралф Шумахер минатата недела објави фотографија со неговиот партнер и откри дека е хомосексуалец.

Тоа предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а еден од возачите кои го поддржаа е Луис Хамилтон.

„Очигледно не му беше удобно да го каже тоа во минатото, но сега е време кога тоа може конечно да се направи без страв. Мислам дека досега добива само позитивни реакции од луѓето“, кажа Хамилтон.