Хаос во Реал Мадрид: До вчера изгледаше недопирливо, но за новиот тренер важат други правила


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Веднаш по доаѓањето во Реал Мадрид тренерот Чаби Алонсо воведе дисциплина и јасно им даде до знаење на своите играчи дека нема да толерира никакви испади на теренот и надвор од него.

На еден од последните тренинзи на Реал Мадрид дојде до конфликт меѓу дефанзивецот Антонио Ридигер и крилниот напаѓач Винисијус Жуниор. Сѐ започна со еден груб старт на Ридигер против Бразилецот. Винисијус се разлути, дојде до жестока вербална расправија и буткање на теренот.

Чаби веднаш реагираше. Моментално го избрка Ридигер од тренингот и го испрати дома за да се смири тензијата.

“Довидување”, рече Алонсо, открива извор близок до клубот.

Алонсо така јасно стави до знаење дека нема намера да толерира недисциплина, без разлика на статусот и важноста на одделни играчи. Кој не ги почитува правилата нема да биде во тимот…