Голема sвезда на Реал Мадрид три месеци надвор од терен, пропушта 17 натпревари


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Многу лоши вести пристигнаа денеска за навивачите на Реал Мадрид, но и за тренерот на тимот, Чаби Алонсо.

Имено, еден од најважните играчи во тимот претрпе повреда, и ќе биде надвор од терените цели три месеци.

Ова е голем удар бидејќи од Реал Мадрид објавија дека клучниот дефанзивец Антонио Рудигер во следните три месеци ќе биде надвор од терените.

Ова беше објавено кратко време откако се дозна дека Германскиот репрезентативец не е во составот за натпреварот против Реал Сосиедад кој се игра утре.

“По направените тестови, дијагностицирана е повреда на мускул на левата нога на Рудигер”, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Токму кога се чинеше дека ќе биде лидер во одбраната за Xabi Alonso, Рудигер претрпе повреда и ќе биде надвор од терените три месеци.

Рудигер така ќе пропушти дури 17 натпревари, а и тој осумнаесеттиот е неизвесен.

Германецот нема да учествува на натпреварот против Реал Сосиедад утре, но ниту против Марсеј, Еспањол, Леванте, Атлетико Мадрид, Кајрат, Виљареал, Getafe, Јувентус, Барселона, Валенсија, Ливерпул, Рајо, Елче, Олимпијакос, Џирона и Селта Виго.