Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Струга Трим Лум го порази Арсими убедливо со 4-0 во натпреварот од 13. коло на Првата македонска лига, додека Башкими победи против Работнички со 2-1.
Струга со притисок од самиот старт на мечот и покрај тоа што голот на Кампаоре беше поништен, успеа да поведат преку Радески во 20. минута. Во второто полувреме, Буњамин Шабани постигна два гола, а Христијан Малески ја стави точката на високиот триумф на самиот крај.
Во Куманово, Башкими направи предност со гол на Абдулхади Јахја пред полувремето, а Аворнио го зголеми резултатот на 2-0. Иако Работнички намали преку Дитмар Хоџа, сепак не успеа да го избегне поразот.
















