Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Претприемачот, политичарот и сопственик на Лацио, Клаудио Лотито, реши да повика „виша сила“ за помош на неговиот клуб.
Смета дека неговиот тим нема доволно среќа, уште од дербито против Рома кое беше изгубено, и од онаа пречка која ја погоди Каталди.
Но, не е само несреќата на теренот причина за повикување на свештеник за да го благослови Лацио и терените каде се тренира и игра.
Голем број повреди претставуваат проблем што го мачи Лацио.
Николо Ровела ќе мора да оди на операција на кила, што беше поттик за Лотито да повика свештено лице за помош. Претходно – 10 мускулни повреди за период од два месеци.
















