„Се функционира подобро отколку во 2016!“

Возачите на Ферари изјавија дека се достојни ривали на Мерцедес на првите тестови пред почетокот на сезоната во Ф1.

Посебно изјава даде Раиконен кој беше најбрз на 2 од 4 денови од тестовите додека преостанатите 2 им припаднаа на Хамилтон и Ботас.

„Ако се споредиме со минатата година, се оди многу подобро. Тоа е добар почеток, добро го чувствувам болидот, се добро функционира, немавме проблеми, па не можеме да се пожалиме. И понатаму има многу работа пред нас. Имаме уште една недела пред првата трка.“

Минатата сезона само Ред Бул успеа да победи на една трка, а останатите им припаднаа на возачите на Мерцедес.

„Сеуште не знаеме дали ќе бидеме доволно брзо. Учевме од минатите грешки, а засега се изгледа добро и тоа е најважно.“

Следните тестови се на програмата од 7 до 10-ти март во Барселона, а првата трка се вози на 26-ти март во Мелбурн.