Индијан Велс – Маестро Федерер го декласираше Надал!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Денес беше одиграно големото дерби во светот на тенисот помеѓу Надал и Федерер.

Одличен натпревар одигра Федерер кој започна фуриозно од првиот поен на натпреварот и стигна до брејк уште на првиот сервис на Надал. Во вториот гејм мораше да брани брејк топка, а потоа со сигурен сервис и уште еден брејк стигна до 4:1 во првиот сет.

Надал се обидуваше нешто да поправи во својата игра и да се врати во сетот, но не успеа и Федерер го освои првиот сет со 6:2.

Вториот сет започна сигурно за двата тенисери, барем до 3-от гејм го освојуваа својот сервис без изгубен поен. Во 3-от гејм Федерер ја искористи првата брејк топка и зголеми на 2:1 и потоа со сигурна игра стигна и до 5:3.

Надал катастрофално сервираше на свој сервис и му дозволи 2 брејк топки на Федерер кој успеа да ја искористи правата и да се пласира во наредното коло.