Алонсо веќе знае на кого нема да смета следното лето

Иако новата сезона само што започна, новиот тренер на Реал Мадрид, Алонсо веќе знае дека следната нема да смета на Антонија Ридигер и Давид Алаба.

Мадридските медиуми ја искористија репрезентативната пауза за анализа на досегашната работа на Алонсо, со јасни прогнози за иднината, и открија дека Алонсо и Флорентино Перез се согласиле клубот да не им понуди нови договори на Ридигер и Алаба.

Искусните дефанзивци летово влегоа во последната година од договорот, Реал Мадрид нема проблем да останат до истекот, но обновувањето на соработката не е опција.

Алаба имаше опција да си замине уште летово, но одби, делумно бидејќи сака да се наметне, делумно поради примањата, бидејќи е еден од најплатените во тимот.

Ридигер беше многу важен дел кај Карло Анчелоти, но и неговата улога сега е намалена, со оглед на тоа дека Алонсо сака да форсира тандемот Хаусен-Милитао.

Не треба да се заборави дека Алаба има 33 години, Ридигер е една година помлад, па јасно е дека полека влегуваат во завршница на кариерата.

Исто така, ова е уште еден јасен знак дека главната задача на Реал ќе биде да ги засили стоперите, а прва цел е Ибрахима Конате, кој има договор со Ливерпул исто до летото 2026 година.

Фотографија: Принтскрин