Андреев го засили Вардар, Моралес ќе остане уште една година!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар продолжи со засилувањата за следната сезона, па така денеска го промовираше Павел Андреев кој е четврто засилување за тимот за следната сезона.

Рускиот ракометар доаѓа од Чеховски Медведеви, каде што играше во претодните осум години, а неговата специјалност е во одбраната, поради што беше прогласен и за најдобар дефанзивец во руската ракометна лига.

Исто така добра вест за „црвено-црните“ е тоа што ветеранот Куни Моралес реши да остане во тимот уште една сезона, откако имаше добри настапи во оваа и ги освои симпатиите кај публиката.

Претходно за екипата на Вардар потпишаа Цехте, Анџелиќ и Дуарте.