Претставен еден од најубавите болиди во Формула 1 (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На повеќе од еден месец пред почетокот на новата сезона во Формула 1, тимовите почнаа да откриваат како ќе изгледаат нивните болиди.

Хаас пред два дена го претстави својот болид ВФ-19, кој изгледа навистина спектакуларно. Прекрасниот црн болид украсен е со бели и златни детали и сигурно ќе биде еден од најатрактивните во новата сезона, која почнува во Мелбурн.

Во истите бои се и униформите, кои ќе ги носи Ромејн Грожан и Кевин Магнусен, кој и годинава ќе бидат возачи на Хаас.