Со кое оружје против Парижаните: Солскјер во големи проблеми пред клучниот реванш меч…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Огромни проблеми за Оле Гунар Солскјер пред мечот во Париз.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез и Антони Марсијал ќе го пропуштат претстојниот реванш меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ, поради повреда, пренесуваат денес британските медиуми.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер има многу повредени играчи, на кои им се придружи и Санчез. Тој ги повреди лигаментите на коленото во саботата во текот на мечот со Саутемптон.

Од претходно се повредени Андер Ерера, Немања Матиќ, Џеси Лингард и Хуан Мата, а до мечот нема да закрепне ниту Антони Марсијал.

Солскјер истакна дека не сака да ризикува, бидејќи Марсијал не тренираше со екипата. ПСЖ во првиот меч на „Олд Трафорд“ славеше со 2:0, а реваншот е на програмата во среда од 21 часот во Париз.