Од фаворити до аутсајдери: Јунајтед со осуммина тинејџери од академијата против ПСЖ…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е тотален аутсајдер во мечот против ПСЖ.

По првиот меч беше 2:0 за ПСЖ, а во реваншот во Париз, Манчестер Јунајтед патува без голем број играчи кои се стандардни.

Кој се нема да настапи?

Антони Марсијал, Џеси Лингард, Хуан Мата, Андер Ерера, Алексис Санчез, Немања Матиќ и Пол Погба кој е суспендиран.

На списокот се дури осуммина играчи од академијата на Манчестер Јунајтед, а шестмина од нив се тинејџери – Тахит Чонг, Џејмс Гарнер, Анхел Гомес, Мејсон Гринвуд, Скот Мектоминеј, Андеас Переира, Маркус Рашфорд и Брендон Вилијамс.