Официјално: Реал Мадрид ангажираше засилување за 50 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан пред неколку дена беше промовиран за тренер на Реал Мадрид, а денеска шпанскиот гигант реши да го ангажира и првото засилување за наредната сезона.

Како што се најавуваше во претходните недели, Реал Мадрид потврди дека го ангажирале младиот Едер Милитао од Порто.

„Кралевите“ за неговиот потпис ќе платат 50 милиони евра, а Милитао потпиша шестгодишен договор со шпанскиот тим.

Инаку, Милитао во Порто стигна од Сао Паоло летоска за шест милиони евра, па португалскиот гигант ќе заработи многу пари на неговиот трансфер.

За младиот фудбалер беа заинтересирани неколку европски гиганти, но борбата за Милитао ја доби „кралскиот клуб“, додека фудбалерот треба да пристигне во Мадрид на лето.