Мичи Батсуаи се враќа на местото каде се прослави


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач од редовите на Челси кој во моментов настапува во Кристал Палас, Мичи Батсуаи би можел да се врати во Борусија Дортмунд.

Напаѓачот помина една сезона како позајмен фудбалер во Дортмунд и играше одлично се до неговата повреда која го оддалечи од терените подолг период.

Сега, доколку „Милионерите“ го посакуваат во своите редови ќе мора да издвојат 40 милиони фунти, сума која е прифатлива за Челси.

Сепак, доколку трафер забраната остане на сила, Челси веројатно нема да го продава напаѓачот кој ќе добие шанса да блесне во Лондон.