Проблем за Зидан: Перез му носи играч кој тој не го посакува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферот е пред реализација.

Мадридски Реал во текот на летото ќе направи потполна реконструкција на тимот.
Еден Азар сигурно ќе биде новиот играч на Кралевите. Белгиецот доаѓа по желба на тренерот Зинедин Зидан, но најверојатно претседателот Флорентино Перез работи многу работи позади грбот на францускиот стручњак.

Шпанските медиуми пишуваат дека првиот човек на Кралевите одлучил да го доведе играчот на Тотенхем, Ериксен кој би можел да стане ново големо име во Мадрид.

Меѓутоа, одличниот фудбалер не е желба на Зидан. Французинот најмногу би сакал да се исполнат неговите желби и посакувања, но очигледно е дека Перес и покрај се му се меша во неговиот избор и тој е тој кој ги носи конечните одлуки.

Многу е веројатно дека Зидан во текот на летото ќе добие и други фудбалери кој не ги посакува, но негова работа во тимот е да најде начин и да го склопи тимот и со тој начин би се поправила катастрофалната сезона која стои позади Реал.