Зидан: И да имав четврта замена, немаше да го пуштам Бејл во игра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан во текот на летото ќе има на располагање повеќе од 500 милиони евра за ангажирање нови засилувања.

Францускиот тренер го отпиша репрезентативецот на Велс, а иако тоа уште не го признава, сепак според неговите изјави тоа е јасно.

Бејл во последниот меч од сезоната остана на клупата, а Зидан даде интересен коментар.

„Не знам дали му е ова последен меч за Реал. не знам што ќе се случи. Ако сметам дека фудбалерот не се вклопува во тимот, морам да работам на тоа. Никој не може да го негира тоа што го направи Бејл за клубот, но мора да живееме во сегашноста. Да имав и четврта замена, немаше да го пуштам во игра“, вели Зидан.

„Кралевите“ ја завршија сезоната на трето место во Ла Лига и не освоија ниту еден трофеј.