Дејан Ловрен го напушта Енфилд и се сели во Серија А?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен (30) би можел на лето да го напушти Ливерпул.

Како што тврдат италијанските медиуми, искусниот штопер кариерата би можел да ја продолжи во Милан, кој покажува голем интерес за неговите услуги.

Во наредните денови се очекува Паоло Малдини да го именува Фредерик Масара за нов спортски директор, па веднаш ќе се тргне по доведување на засилувања.

Прво ќе биде потпишан договор со новиот тренер, Росонерите го избраа Марко Џампаоло, кој ќе го замени Џенаро Гатузо.

Потоа Милан ќе тргне по Ловрен. Наскоро се очекува официјална понуда до Ливерпул, па тој би можел да ја продолжи кариерата во Серија А.

Покрај Ловрен, желби на тимот од Сан Сиро за ова лето се играчот на Сасуоло Стефаном Сенси и штоперот на Аталанта Џанлука Манчини.

Ловрен веќе шест години е во Англија. Стигна во Премиер лигата во 2013. година од Саутемптон од Лион, а после само една сезона премина во Ливерпул.

Кариерата ја започна во Динамо, а има играно за Интер Запрешиќ и Лион.