Интер спреми нова понуда за Лукаку: Играчот кој го отпиша Конте и 55 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер ја продолжува трката за Ромелу Лукаку.

Имено, Италијанските медиуми пишуваат дека Нероаѕурите ќе му понудат на клубот од Олд Трафорд 55 милиони евра и Иван Перишиќ што во превод би значело вкупно 78 милиони евра.

Веќе долго траат преговорите помеѓу Интер и Јунајтед за овој трансфер, но и двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.

Јунајтед ги сака парите веднаш, а Нероаѕурите нуделе разни опции како позајмица со можност за купување на Лукаку на крајот од сезоната, но англискиот тим не сака да прифати такви опции.

Денес шефовите на Интер имале состанок со тренерот Антонио Конте, каде што Конте уште еднаш побарал купување на напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Сега во нова понуда на Интер каде што ќе биде вклучен Перишиќ за кој Конте пред неколку дена изјави дека не се вклопува во неговиот стил на игра.

Останува да видиме шпо ќе се случи деновиве.