Прво признание во Словачка: Дејан Илиев избран во тимот на колото (Фото)

Македонскиот репрезентативец, Дејан Илиев беше избран во тимот на 11. коло во словачката Фортуна лига.

Нашиот голман одигра одличен натпревар во поразот на неговиот Серед против Жилина од 1:0 и сосема заслужено се најде во одбраното друштво во словачкото првенство.

Ова е прв пат Илиев да добие ваквопризнание во новата средина, а по неговиот трансфер на позајмица во Серед е редовен меѓу стативите на овој клуб.