Црвена Звезда можела да го добие Левандовски за 1.000 евра месечно, ама не им се давале пари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Левандовкси синоќа со четири гола ја потопи Црвена Звезда во Белград во петтото коло од Лигата на шампиони, а денеска се појавија интересни информации во медиумите.

Српските медиуми пишуваат дека дека еден од најдобрите напаѓачи во светот можел пред 10 години да се пресели во Црвена Звезда. Тогаш го препорачал Мирко Поледица, а наводно Левандовски бил подготвен да игра за 1.000 евра месечно.

Меѓутоа, српскиот шампон го одби тоа затоа што сметале дека фудбалер од клупата на Легија не бил доволно добар за нив.

Левандовски урна многу рекорди во светот на фудбалот, а сигурно е среќен затоа што не се преселил во Звезда затоа што можеби неговата кариера ќе се развивала поинаку.