Алонсо сака да се врати во Ф1, но доби брутален одговор од Ферстапен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со трката за Големата награда на Абу Даби заврши сезоната во Формула 1. И оваа година помина во доминација на Луис Хамилтон од Мерцедес.

Сезонава немаше многу возбудувања за шампионската титула, но во следната се очекува пресврт, па многумина се надеваат дека Ферари ќе се вклучи во битката.

Исто така, се појавија шпекулации дека наскоро во Ф1 може да се врати легендарниот Фернандо Алонсо. Шпанецот ја напушти Ф1 на крајот на минатата сезона, но постои шанса од 2021 година да вози повторно.

Сепак, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, не верува дека тоа е добра идеја за Алонсо.

„Алонсо е одличен возач и би било добро да се види повторно на патеката, но доколку има конкурентен болид. Доколку не успе тоа да го направи, ќе загуби само време и верувам дека е свесен за тоа“, порача Ферстапен.