САД ќе бидат моќни во Токио, објавен прелиминарниот список на кој ги има и Леброн, Дурент, Харден…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрзентацијата на САД дефинитивно ќе биде фаворит број еден на Олимписките игри во Токио.

Селекторот на САД, Грег Попович го објави прелиминарниот список од 44 играчи на кои ќе смета за игрите во Јапонија.

Секако дека играчите мора прво да го прифатат повикот, а потоа Попович да избере 12 од нив кои ќе патуваат на Олимписките игри.

На списокот се практично сите најдобри кошаркари на денешницата меѓу кои и Леброн Џејмс, Кави Ленард, Кевин Дурент, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Пол Џорџ, Џејмс Харден…

Конечниот ростер ќе биде познат во јуни, а САД во Јапонија ќе го брка четвртото едноподруго злато на Олимписките игри.