„Љубоморен сум на него!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Бразилец Роналдињо беше на гостување на натпреварот ПСЖ – Монако кој заврши 1:1.

Роналдињо е голем љубител на ПЛ во која минатата сезона виде еден гол кој го оставил без зборови.

Се случило тоа на натпреварот помеѓу Кристал Палас и Тотенхем во кој Тотенхем победи со 3:1, а Роналдињо беше воодушевен од голот на Деле Али.

„Морам да признаам дека сум љубоморен на Али поради тој гол, за кој тешко се наоѓаат вистински зборови. Беше тоа мајсторија која и јас секогаш сакам да ја изведам. Едноставно, момент на голема инспирација за тој млад фудбалер.“