Лил до 15 часот ангажираше четворица, сега стигнуваат уште двајца и тоа од Лацио и Рома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Лил не се  шегува, има за цел големи засилувања до крајот на денешниот ден.

Анвар ел Гази., Парагваецот Жуниор Алонсо, Фахрес Бахлули и Агим Зека се играчи кои денеска до 15 часот потпишаа договор со Лил, за што можевте да прочитате ТУКА.

Во текот на денот треба да се завршат уште два трансфери, двата од Рим.

Имено, како што пренесува Ди Марзио, Рикардо Кишна моментално се наоѓа во Лил каде што извршува медицински прегледи и после тоа ќе потпише договор со оваа екипа.

Ќе видиме дали овој играч на Лацио ќе потпише на позајмица или се работи за трансфер.

Покрај него, и фудбалер на Рома, Жерсон, може да премине во Лил и тоа на позајмица, со опција за Лил да уплати 18 милиони евра на крајот на сезоната доколку сака да го задржи.

19-годишниот Бразилец кој игра на позиција играч за врска не добиваше премногу шанса да игра во Рома во оваа сезона, а е доведен за 16.6 милиони евра од Флуминенсе.