Дефанзивецот на Ливерпул пристигна во Лондон, се очекува трансфер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од фудбалерите на Ливерпул кој беше стандарден пред доаѓањето на Јирген Клоп, Мамаду Сако оваа сезона не добива шанса бидејќи ја наруши клупската дисциплина.

Уште одамна Клоп не смета на него, па желба за продажба има и понуди се очекуваат.

Неколку клубови покажаа интерес, но најхрабри беа Кристал Палас кој понудија 20 милиони фунти за него.

Сако едвај чека да се реализира тој трансфер, па ќе видиме дали ќе види рај во Кристал Палас или ќе остане во пеколот за него наречен Ливерпул.