Одбиената понудата на Челси од 40 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лондонските Сини имаа подготвено трансфер бомба во самиот финиш на преодниот рок, но овој пат Роман Абрамович од колегата од Селтик доби одлучно НЕ.

„Како случајно“ Муса Дембеле во последниот ден од преодниот рок се најде во Лондон бидејќи мораше да оди на скенирање на коленото. Во исто време тргнаа и приказните за заинтересираноста на Челси за одличниот напаѓач на Селтик.

Како што пренесува специјализираниот француски сајт ГФФН, прегледот беше само некој вид на параван, бидејќи Челси навистина испрати понуда и тоа во висина од 40 милиони евра.

Келтите, меѓутоа, ја одбија понудата бидејќи бараат 7 милиони евра повеќе. Во овој момент изгледа Сините не се спремни да ја понудат таа сума.

Изворот на споменатиот француски сајт близок до самиот играч рече дека Дембеле нема да ги напушти редовите на шкотскиот шампион. Меѓутоа, со Челси никогаш не се знае и лондонскиот клуб знае во финишот на преодниот да изненади.

Дембеле, кој ја помина младинската школа на Пари Сен Жермен, во Селтик дојде во јуни минатата година од Фулам и тоа како слободен играч.