„Можев да игра и во Јунајтед!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот најдобар фудбалер во светот, Роналдињо даде интересна изјава.

Роналдињо во 2003 година беше најбаран фудбалер во светот. Тогаш тој сеуште беше член на ПСЖ кој беше подготвен да ги слушне понудите на другите тимови.

Многумина беа заинтересирани и започна голема битка која ја доби Барселона.

„Можев да преминам и во друг клуб, но заминав во Барселона поради пријателството со Росел. Можев да играм во Јунајтед. Бев член на Бразил кој година претходно го освои СП и имав отворена врата секаде.“

„Сепак, кога Росел ме повика, имав шанса да го погледнам градот и клубот и изборот беше лесен. Не жалам што немам играно во Англија, но можеше да биде нешто посебно затоа што станува збор за одлична лига.“

Да потсетиме, Роналдињо беше член на Барселона од 2003 до 2008 година, по што за 25 милиони евра премина во Милан.