„Немам кристална топка, не знам дали ќе остане Азар“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Конте не може да гарантира дека Азар ќе остане во тимот и наредната сезона.

Тој има договор до 2020-та година, но Реал го сака во својот тим.

„Мислам дека е невозможно да превземам одговорност, не само за Азар, туку за било кој друг играч. Во такви ситуации клубот ја донесува последната одлука. Мислам дека не е идеја да се продаде Азар, мора да го подобриме тимот.“

Азар оваа сезона е одличен, постигна 15 голови и 5 асистенции во ПЛ.

„Се е можно во фудбалот. Мислам дека Азар е среќен со нас, мислам дека и семејството му е среќно во Лондон. Навивачите го сакаат и сметам дека многу позитивни работи има за да остане. Не заборавајте, наша цел е да го освоиме секое натпреварување во кое настапуваме.“