Балотели пронајде нов клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Марио Балотели ова лето скоро сигурно ќе ги напушти редовите на Ливерпул.

Балотели се врати во “Црвените” од позајмицата во Милан, но Јирген Клоп отворено му порача дека нема да смета на него. Дополнителн удар за фудбалерот беше што не замина на припреми со првиот тим во Америка, туку остана да тренира со резервниот тим на Ливерпул.

Иако самиот Балотели изјави дека ќе се бори за своето место на “Енфилд”, изгледа дека сега го смени мислењето. Претседателот на Бешикташ, денес изјави дека Балотели сака да направи трансфер во нетовиот клуб.

“Нас воопшто не не интересира неговото однесување на теренот и надвор од него. Мислам дека добро би се вклопил во нашиот тим и дека навивачите брзо ќе го прифатат. Еднонставно ние го сакаме Балотели и тој сака кај нас”- изјави Орман.