Стигна за 34 милиони, а сега може да замине за 140 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, е на радарот на Реал Мадрид, кој сака да го ангажира летово. „Кралевите“ планираат да ги продадат Герет Бејл и Карим Бензема, а притоа да го ангажираат Египќанецот.

Салах пристигна во Ливерпул од Рома за 34 милиони фунти, па така се врати во Англија, каде што претходно играше за Челси, но никогаш не доби вистинска шанса да покаже што знае.

„Дон Балон“ пишува дека Ливерпул, и покрај тоа што верува во него, е подготвен да го продаде на Реал Мадрид, кој би платил дури 140 милиони евра и Дани Себаљос за неговите услуги, но се претпоставува дека „црвените“ ќе побараат најмалку 200 милиони.