Бејл: Интересот на Баерн е чест за мене


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Герет Бејл ги подгреа шпекулациите дека можеби ќе го напушти „Кралскиот клуб“ по крајот на оваа сезона.

Велшанецот е често во медиумите кои го поврзуваат со враќање во Премиер лигата, трансфер во Серија А, а од најново, наводно интерес за него имало и од Барен Минхен.

На овие шпекулации Бејл даде конкретен одговор: „Никогаш не можете да отфрлите ништо во фудбалот.

Во моментов јас играм за Реал Мадрид и уживам во тоа. Баерн е одличен клуб и во минатото покажа дека е еден од најуспешните во Европа. Чест за секого е да се биде поврзуван со овој клуб. Но засега јас сум играч на Реал Мадрид.“