Пеп ги негираше шпекулациите за Иниеста


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола ги негираше шпекулациите дека Манчестер Сити ќе се приклучи во трката за Андрес Иниеста.

Шпанецот на прес конференција обелодени дека ќе си замине од Барселона по крајот на сезоната, а негова следна дестинација веројатно ќе биде Кина.

„Мислам дека кога Андрес одлучи да си замине од Барселона, тоа не беше за да дојде во Манчестер.  Поинаков е начинот кога ќе одлучиш да ги поминеш последните години од кариерата на друго место, поради многу причини. Но доколку тој сакаше се уште да се натпреварува на највисоко ниво, тој ќе останеше во Барселона. Не можеме да му го понудиме тоа што го имаше во Барселона. Иниеста одлучи да си замине поради други причини, не само поради фудбалските“ –коментираше Пеп.

Медиумите во Англија ја потенцираа блискоста на Гвардиола со Иниеста и дека тоа би било клучен фактор играчот од средниот ред да се пресели на „Етихад“, но тоа нема да се случи.