Рома го потврди трансферот на Клајверт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Рома го потврдија трансферот на големата фудбалска надеж, Џастин Клајверт кој пристигна на „Олипмпико“ од редовите на Ајакс за сума од околу 18 милиони евра.

Синот на прославениот фудбалер Патрик Клајверт, со „Римската Волчица“ потпиша договор кој ќе биде со траење до 30 јуни, 2023 година.

„Се чувствувам одлично. Јас сум во неверојатен клуб и со нетрпение очекувам да ја почнам авантурата овде. Мислам дека Рома е прекрасен клуб за мене. Сметам дека може да ме изградат во поголем, посилен играч“ –коментираше Клајверт за официјалниот вебсајт.