Чех потврди: Останувам во Арсенал и ќе се борам за местото на голот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чешкиот голман Петр Чех уште еднаш потврди дека не сака да го напушти Арсенал туку дека останува и ќе се бори за да биде прв голман.

Да потсетиме дека Топџиите пред неколку денови го донесоа некогашниот голман на Баер Леверкузен, Берн Лен за околу 25 милиони евра, па после ова Чех го поврзуваа со заминување.

Клубовите кои наводно беа заинтересирана за цената се Челзи И Рома, но тој уште еднаш потврди дека нема намера да оди.

,,Реков уште на самиот почеток дека сакам да останам и ќе се борам за место во тимот. Ќе го испочитувам својот договор доколку клубот не рече да заминам”- рече Чех за Скај Спортс Њуз и додаде

,,Тренирам напорно секој ден за да бидам спремен кога ќе дојде противникот. Сакам да му покажам на тренерот дека можам да бидам прв голман и сите играчи го прават истото и сметам дека тоа е за доброто на тимот”.

Да потсетиме, Чех стигна во Арсенал пред три години од Челзи и од тогаш беше најчесто првиот голман, но ова секако ќе му биде најголемиот предизвик до сега.