Хаос во Аргентина: Навивачите на Ривер со солзавци ги нападнаа фудбалерите на Бока, натпреварот одложен за еден час (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на програмата е Суперкласико натпреварот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс. Натпреварот сам по себе е големо дерби, а фактот што сега е финалето на Копа Либертадорес уште  повеќе ја зголемува важноста на истиот.

Во 21 часот требаше да почне реванш средбата помеѓу овие два тима, но откако навивачите на Ривер со солзавци и камења го нападнаа автобусот на Бока Јуниорс, истиот беше одложен за еден час.

Повеќето фудбалери на гостинскиот тим се пожалиле на проблеми предизвикани од солзавците, но најавиле дека ќе бидат подготвени за натпреварот.